Курсеви по германски јазик – нашето јазично училиште во Скопје
Бесплатни курсеви по германски јазик за наши кандидати
Јазикот е најважен предуслов
Како интернационално посредништво за персонал на медициснки кадар утврдивме дека најчесто се содржани сите услови за посредување во Гермаија, освен јазичната компетенција. Добри познавања на германски јазик, покрај професионалните квалификации, се најважна основа и облигација за нашите клиенти во Германија. Затоа одлучивме да основаме јазично училиште во Скопје / Македонија. Таму нудиме бесплатни курсеви за избраните кандидати, кои би сакале да работат во Германија.
Предуслови – следново мора да го исполнувате:
Вие сте…
…образован медицински кадар
(на пр. Медицинска сестра, акушерка, радиолошки асистент)
Вие имате…
… желба да работите долгорочно во Германија
… висока самомотивација да учите германски јазик
… издржливост и истрајност
… време и желба, самостојно да учите и надвор од рамките на наставата
(на пр. подготовка за час, домашни работи, да ги учите зборовите)
Нашите германски курсеви
Во нашето јазично училиште во Скопје Ви нудиме…
… флексибилни часови преку неделата и во саботите
… мали групи распределени според ниво
… материјал за учење
… оптомална подготовка за јазичен тест по германски јазик
… индивидуално советување
Ве молиме за разбирање, бидејќи работиме во мали групи, за да се постигне најдобриот ефект. Врз основа на тоа и на големата побарувачка во моментот се нашите места ограничени. Затоа може да се случи да мораме да Ве замолиме за трпение и да Ве сместиме на листа на чекање
Термини за курсеви по германски јазик:
Почетници: сабота, 10-14 часот или 14-18 часот
Напредни А2: вторник, 18-20 часот и четврток, 18-20 часот
Напредни Б1: понеделник и среда од 18 до 20 часот
Можни се и други термини по договор.
Ве молиме да дојдете само со претходна најава и договр на терминот.
Сакате да учествувате во курсот?
Контактирајте не!
За да можеме да ве советуваме на надобар можен начин и да ги подредиме Вашите јазични познавања, би сакале да Ве запознаеме лично. Ве молиме пополнете го контакт-формуларот или јавете се од понеделник до петок од 10 до 15 часот. Ние во најбрз рок ќе Ве контактираме и ќе договориме термин со Вас.
Ваше лице за контакт: Anja Sevcenko
@medical-recruiters.de Anja.Sevcenko
+389 (0) 713 28 063
Вака продолжува понатаму…
Кога вашите познавања од германски јазик се задоволителни, ќе го отпочнеме процесот за посредување. За да можеме да ви посредиме на најдобар начин, прво ни треба вашето пожелно место во Германија, Вашата биографија и целокупната документација (дипломи за квалификација, јазичен сертификат, докази за образование итн…) Вашите документи се испраќаат на Medical Recruiters во Германија. За тоа ни треба Ваша писмена согласност. Од Вашите податоци се прави анонимен профил, кој се испраќа на избраните клиенти (на пр. клиники и болници). Кога еден клиент ќе покаже интерес за Вашиот профил, се организира термин за взаемно запознавање, кој најчесто се прави на скајп или телефонски. Доколку после разговорот постои взаемен интерес, се организира лична средба во Германија – често во врска со хоспитација. Притоа имате прилика да направите слика и претстава од Вашиот потенцијален работодавач на лице место, да ја истражите околината и да ги запознаете условите за работа. Доколку Вие и нашиот клиент и понатаму сте заинтересирани, се склучува работен договор и се подготвува и спроведува пристигнување во Германија, работна виза и стручно признавање. Ви стоиме на располагање при сите Ваши прашања и за целокупниот процес, за да Ви го олесниме и направиме пријатен почетокот во Германија.
Ние посредуваме само за постојана работа! Не посредуваме за повремена или сезонска работа! За нашите кандидати целиот сервис е бесплатен!